Македонија
9. јуни 2017 - 9:17

Поставување спомен обележје за Првата светска војна во НП Пелистер

Амбасадорот на САД Џес Бејли денеска ќе го промовира меморијално обележје на патеката од Првата светска војна во Националниот парк Пелистер.

Новото обележје, како што соопштија од американската Амбасада, ја нагласува улогата на Соединетите Американски Држави во Македонија и на Балканот за време на Првата светска војна.

На свеченоста во Информативниот центар Пелистер амбасадорот Бејли ќе им се обрати на присутните по повод стогодишнината од приклучувањето на САД на Првата светска војна, а ќе зборува и за значењето на евроатлантските односи.

Амбасадорот Бејли во оваа пригода ќе им врачи благодарници на лицата кои помогнаа во реализирањето на овој настан.