-->
-->
Поставено улично осветлување во село Опила, Ранковце
-->
Осветлен е реонот на село Опила на потегот од мостот на Крива Река и централниот дел на опилско маало, информираат од локалната самоуправа на општина Ранковце.
Поставени се петнаесетина електрични столбови долж целото речно корито.
-Постојно јавно осветлување имаше само до мостот, од почетокот на магистралниот пат А2. Овој дел каде сега е поставено е исклучително фреквентен и неопходно беше поставување осветлување. За реализација помогнаа вработени во општината, од Јавно комунално претпријатие „Чист ден”, ЕВН, приватни градежни компании, „Борас” и други, изјави градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски.
Тој истакна и дека компанијата за заварување „Југ” како општествено одговорна компанија донирала и канделабри и останати градежни материјали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија