Македонија
19. November 2018 - 10:35

Поставено улично осветлување во село Опила, Ранковце

Осветлен е реонот на село Опила на потегот од мостот на Крива Река и централниот дел на опилско маало, информираат од локалната самоуправа на општина Ранковце.
Поставени се петнаесетина електрични столбови долж целото речно корито.
 
-Постојно јавно осветлување имаше само до мостот, од почетокот на магистралниот пат А2. Овој дел каде сега е поставено е исклучително фреквентен и неопходно беше поставување осветлување. За реализација помогнаа вработени во општината, од Јавно комунално претпријатие „Чист ден”, ЕВН, приватни градежни компании, „Борас” и други, изјави градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски.
 
Тој истакна и дека компанијата за заварување „Југ” како општествено одговорна компанија донирала и канделабри и останати градежни материјали.