Македонија
7. March 2021 - 12:29

Поставена заштитна ограда на детското игралиште во Усје

По бурните реакции во јавноста за опасното детско игралиште во Усје, надлежните реагираа и поставија заштитна ограда.

Од видеата што граѓаните ги споделија на социјалните мрежи се гледа дека децата кои се пуштаат по лизгалката всушност излегуваат директно на самата улица, која е фрекфентна. Граѓаните велат дека стравувале да ги пуштат децата да играат на тоа игралиште бидејќи претставувало сериозна опасност за нив.

Освен што конечно поставија заштитна ограда, надлежните ја променија и самата лизгалка, која беше права, а сега е спирална, со цел да го забави движењето и да не ги исфрла децата во правец на улицата.

Иако и сега не е целосно оградено и заштитено, сепак детското игралиште е корисно за локалните жители. Тие ги пуштаат децата да играат но, и натаму со надзор и претпазливост.

 

Мирјана Јовеска