Поставена нова спомен плоча кај Карпалак
Нова спомен плоча е поставена денеска кај месноста Карпалак со имињата на десетмината припадници на АРМ кои беа убиени на тоа место во 2001 година, информираат од Одборот на бранители. Претставници на Одборот, кој е заеднички орган на девет здруженија на бранители, денеска ја поставиле плочата по вчерашното целосно уништување и отстранување.
– Ние како Одбор апелираме на цивилизациско однесување и бараме да не се крши одново спомен плочата. Таа само сведочи за судбината на десет луѓе кои си ја вршеле нивната работна задача, изјави Марин Најдов, член на здружението на бранители „Достоинство“ и на Одборот на бранители.
Случајот е пријавен во полицијата, а Најдов побара и од надлежните да си ја вршат работата.
– Досега шест пати е уништувана плочата и секој пат е пријавувано во полиција, но никој не одговорал за стореното, рече Најдов.
На 8 август 2001 година загинаа осум војници и два офицери од резервниот состав на АРМ : Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Веби Рушитоски, Ердован Шабаноски, сите од Прилеп, Марко Деспотоски од Новоселани, Љубе Грујоски од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски од прилепско Ропотово , од Прилеп и Пеце Секулоски од прилепско Бело Поле.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица