Македонија
20. January 2016 - 12:37

Поставен камен темелник за нова крстилница во Општина Аеродром

На големиот христијански празник Свети Јован Крстител денеска во истоимената црква во Општина Аеродром беше поставен камен темелник на нова крстилница.

Темелите ги освети поглаварот на МПЦ-Охридска Аргиескопија, г.г. Стефан во присуство на голем број верници и ктиторот на крстилницата Ванчо Чифлиганец, сопственик на „Адора инжинеринг“.

На површина од 130 метри квадратни крстилницата ќе има повеќе простории, меѓу кои и просторија за продажба на сувенири, икони и свеќи.

Крстелницата, според ктиторот Чифлиганец треба да биде пуштена во употреба најдоцна до 20 јануари наредната година.

Претходно, во црквата „Свети Јован Крстител“ беше отслужена Архиерејска златоустова литургија по повод празникот Собор на Св. Јован Крстител, со која чиноначалствуваше архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.