Македонија
3. September 2018 - 17:09

Постарата ќерка на семејството Поцеста осомничена за тројното убиство во Дебар

Постарата ќерка на семејството Поцеста е осомничена дека минатата недела го извршила грозоморното убиство на својот татко Агим, мајката Назмие и 14 годишната сестра Анила. 28 годишната Поцеста веќе е во притвор а од МВР велат дека биле приведени уште две лица кои и помогнале да ги прикрие трагите. Неофицијално, помошникот од Дебар и набавил пиштол, а 31 гостиварец и обезбедил превоз до Италија каде што живеела. По откривање на телата на убиените кои 17 часа лежеле во локви крв, осомничената ќерка се вратила во родниот крај откако роднините и јавиле за тажната вест.

Нема официјална изјава кој е мотивот за убиството и дали осомниченмата ќерка со години била зависник од наркотични средства.

 Безживотните тела ги пронашле блиски роднини, откако цел ден не можеле да ги добијат на телефон. Семејството Поцеста летниот одмор во Дебар го продолжиле поради веселба кај нивни блиски. Според полициската истрага, со пиштол прво биле убиени мајката и таткото во нивната спална соба а потоа и 14 годишната ќерка.