Постар човек се обидел да силува 10-годишно девојче во трговски центар во Белград
Постар човек се обидел да силува 10-годишно девојче, влечејќи го во тоалетот во трговски центар во Белград, но за среќа нејзината сестра видела и можела да реагира.
Камерите во трговскиот центар, синоќа околу 19 часот го снимиле манијакот кој се обидел сексуално да го злоупотреби девојчето и го снимиле како ја носи во тоалетот.
Според српските медиуми мажот е идентификуван и како што откриваизвор од истрагата, во тек се проверки за тоа што се случило во тоалетот на белградскиот трговски центар.
Според неофицијални информации, девојчето си играло со своите пријатели во кругот на трговскиот центар, кога мажот и пришол и и рекол да го следи. Исплашеното девојче наводно мислела дека направила нешто лошо, но мажот ја однел во тоалетот.
Според тамошните медиуми, девојчето се тресело и врескало од страв, а полицијата набрзо го блокирала целиот трговски центар и го уапсила манијакот.
Истрагата е во тек.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето