Македонија
30. March 2016 - 16:34

Постапката за набавка на нов мебел во студенските домови е во тек

Постапката за набавка на нов мебел во студентските домови е во тек и ќе бидат опремени сите, најави претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Груевски.

Во рамки на заложбите за унапредување на студентскиот стандард во делот на подобрување на условите за сместување и домување, покрај неколкуте капитални проекти на кои се работи, се донесе и одлука за набавка на нов мебел.

Преку министерството за образование ќе биде променет  мебелот кој се користел со генерации за што се инвестираат 100 милиони денари.

-Во тек се подготвителните активности при што преку мин за образ веќе се направи истражување на пазарот и се дојде до проценка дека ќе биде потребно да се спроведе повеќегодишна набавка. Изготвени се спецификации и се чеак на советото за јавни набавки да даде одговор, доколку биде позитивен за десетина дена ќе биде распишана јавна набавка за избор на фирма за мебел, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Нови маси, бироа, столици, плакари и друг мебел ќе се менува етапно оваа и наредната академска година. Во меѓувреме МОН распиша нов конкурс за 2550 слободни места во сите ученички домови а сите ученици кои ги исполнуваат критериумите ќе можат да се пријавуваат од утре. Приоритет ќе имаат средношколците од Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки.

Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2016 година.