Џет-Сет
11. March 2016 - 10:25

Последното интервју на легендарниот актер: Кога ќе умрам...

Тажна вест го зави Балканот во црно. По долга битка со влошената здравствена состојба, почина легендарниот актер Драган Николиќ. Тој почина во 72-та година од животот. 

Великанот на српската театарска сцена долго се бореше со проблемите со дебелото црево. Тој е познат по бројни театарски претстави, филмови, а со својата сопруга, Милена се запознал во 1972 година. Таа до последниот ден не се одделуваше од него.

Роден е на 20 август 1943 година, а со глума се занимавал од мали нозе. Филмската кариера ја започнал во 1964-та година, со помала улога во филмот "Pravo stanje stvari". 

Во неговото последно интервју, Драган истакна дека сонувал со која професија ќе се занимава, знаел дека ќе биде успешен, и секогаш верувал во себе. 

- Тоа е лоша, ако ти се исполнат соништата веќе станува досадно, не се бориш ни со другите, ни со самиот себе. Мене тоа уште не ми се случи, изјави актерот.

И кога ќе бидам мртов би сакал да бидам каква таква светилка, рече тој.

Тој велеше дека е среќен човек со одлично семејство и богата кариера, кој има среќа во животот и е благодарен на Бога за тоа.

Нека почива во мир!