Кошарка
17. September 2016 - 11:59

Последно коло од квалификациите за Евробаскет 2017

Во рамките на квалификациите за Евробаскетот 2017 денеска ќе се одиграат натпреварите од последното 6.коло. Досега пет репрезентации изборија пласман на завршницата (Белгија, Русија, Словенија, Црна Гора, Унгарија). 

Остануваат уште шест празни места, за првопласираните селекции во групите Б и Д, како и за четирите најдобро пласирани селекции од групите (без резултатите со четвртопласираните во групата).
Трите селекции кои нема да играат на Евробаскетот со петте најдобро пласирани трети селекции ќе бидат дел од квалификациите за Светскиот Куп 2019 година. 
Македонија се наоѓа во тешка положба особено по високите порази од Унгарија, Велика Британија. 
Евентуалн победа попалднево (16.30 часот) против Унгарија ќе донесе сигурно место во квалификациите за Светскиот куп, додека со пораз ќе ги очекуваме резултатите од другите дуели.
 
Распоред на натпреварите од 6.коло:
А група: Исланд - Белгија, Кипар - Швајцарија.
Табела: Белгија 10 бодови, Исланд 8, Кипар 6, Швајцарија 6.
Б група: Холандија - Германија, Данска - Австрија.
Табела: Холандија 9, Германија 8, Австрија 7, Данска 6.
Ц група: Русија - Шведска. БиХ слободна.
Табела: Русија 6, БиХ 6, Шведска 2.
Д група: Португалија - Белорусија, Естонија - Полска.
Табела: Полска 9, Естонија 8, Белорусија 8, Португалија 5.
Е група: Украина - Словенија, Косово - Бугарија.
Табела: Словенија 10, Украина 9, Бугарија 6, Косово 5.
Ф група: Албанија - Словачка, Црна Гора - Грузија.
Табела: Црна Гора 10, Грузија 9, Словачка 6, Албанија 5.
Г група: Унгарија - Македонија, Луксембург - Велика Британија.
Табела: Унгарија 10, Велика Британија 8, Македонија 7, Луксембург 5.