Балкан
27. July 2015 - 14:30

Последните зборови на загинатото момче: Не грижете се, си доаѓам за два дена

Викендов Србија повторно се соочи со голема трагедија кога загина 14-годишно момченце. Се работи за Данило Главаш кој го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа, додека со своето семејство се враќале од свадба.

- Во шок сме, не знаеме како дојде до ова. Малото момченце беше омилено во соседството. Оваа трагедија многу не погоди, вели една од соседките по големата загуба.

Соседите велат дека децата многу се радувале што ќе одат на свадба кај тетка им. Само сестрата на малиот Данило не сакала да оди на свадба, како нешто да претчувствувала. Додека семејството поаѓало со автомобилот, дечињата од маалото коиму мафтале на Данило слушнале како извикува да не се грижат бидејќи ќе си дојде за два дена и дека времето брзо ќе помине.

- Многу добра фамилија се, сите деца се мили и воспитани. Никогаш не ги слушнавме да се караат или да направат нешто лошо. Ова е трагично, додаваат соседите на српскиот Курир.

Инаку, мајката и таткото се на Интензивна нега.