Балкан
3. January 2018 - 11:51

Последните зборови на монструмот: После овие зборови во келијата, на цимерите им стана јасно дека наскоро ќе се убие

Пред да си го пресече со стакло вратот во келијата во Централниот затвор, Марко Николиќ која ја уби поранешната сопруга и синот, на цимерите им рече дека заслужил се што му се случува.

Марко Николиќ (43) кој во јули минатата година пред Центарот за социјална работа во Раковица го уби синот Михајло (4) и поранешната сопруга Маја (38), почина во саботата навечер во Ургентниот центар. Монстумот на 30 декември си го пресече вратот во затворската келија во Централниот затвор каде со месеци беше во притвор.

Според сознанијата на српски Курир, Николиќ последните денови се однесувал поинаку од порано, а на цимерите со кои ја делел ќелијата пред самоубиството им рекол дека не заслужува да живее.

-Заслужив се што ми се случува! Цел живот сум лош човек, не заслужувам да живеам! Затоа сум овде каде што сум - рекол наводно Марко Николиќ. Овие последни зборови кои ги изговорил со цимирите биле најава за она што потоа си го направил на себеси.

Сестра на Маја не ја дочека пресудата

По информациите дека Николиќ се обидел да се убие во затворот, сестрата на Маја Бранислава Катаниќ изјави за медиумите дека би била трагедија монстумот сега да умре.

-Живеам за денот да му го видам лицето кога ќе му ја читаат пресудата, рече Катаниќ.

Меѓутоа таа вчера не одговараше на повиците на новинарите на Курир.

Го повредил и цимерот

Тој во саботата во претпладневните часови го скршил огледалото во тоалетот од својата соба и со парче стакло си ја пресекол вратната артерија.

-Тројца цимери моментално скокнале и се обиделе да му помогнат. Тие викале по чуварите кои влетале во собата на Николиќ. Во туркањето тој го исекол затвореникот кој му бил најблизу, но за среќа му нанел само полесна повреда. Меѓутоа раната на неговиот била огромна, - вели извор на Курир.

Николиќ веднаш со возило на Итната помош е транспортитан во Ургентниот центар, каде го оперирале лекарите.

-Васкуларните хирузи четири часа се обидуваа да ги поврзат пресечените вени и артерии. По завршувањето на операцијата, Николиќ е префрлен на одделението за интензивна нега, каде и натаму бил во тешка состојба,. По неколку часа им подлегнал на повредите, додава соговорник.