Македонија
22. July 2019 - 19:30

Последните анализи покажуваат исправност на водата во Охридското езеро

Водата во Охридското езеро е чиста и безбедна за капење.  

Последните наоди од контролите на крајбрежјето  покажуваат  дека водата е со добар квалитет за спорт и рекреација.

На потегот  од Самоиловата тврдина па се до  камповите Партизан и Младост каде имаше забрана за капење поради влевање на отпадни води како резултат на нефункционалниот колектор и несоодветната канализациона мрежа најновите анализи покажуваат дека водата е од втора класа.

Од Центарот за јаво здравје најавија дека постојано се прават контроли не само на крајезерската вода туку и на јавните чешми при што наодите покажуваат дека се исправни за пиење додека кај Билјанини извори и покрај тоа што има променлив карактер во квалитетот последните контроли покажуваат дека и таму водата може да се пие.

Инаку во населбите Воска и Даљан често пати има загадување на езерото. И додека  екологистите апелираат до надлежните што поскоро да се превземат мерки бидејќи токму ревитализацијата на колекторскиот систем е една од препораките на УНЕСКО охридскиот регион да не се најде на листата на загрозени подрачја од локалната очекуваат дека овој проблем ќе се реши откако со колекторскиот систем ќе стопанисува државата и ќе ги преземе обврските за негово целосно санирање.