Македонија
4. July 2017 - 10:23

Последниот силен земјотрес во Охрид се случил во 1911 - еве колку јак бил

Претставници на локалната самоуправа, на Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, синоќа одржаа кооединативен состанок во зградата на општината со цел да ги договорат мерките кои институциите ќе ги преземат во насока на смирување на граѓаните кои сериозно се загрижени за својата безбедност по серијата земјотреси кои го тресат Охрид повеќе од две недели. 

ОхридЊуз пренесува дека земјотрес со јачина од околу 5 степени според Рихтер бил очекуван во охридското сеизмичко подрачје. Последниот силен земјотрес во Охридско се случил во 1911 година кој бил со магнитуда поголема од 6 степени по Рихтер.

Експертите советуваат, да не се крева паника и граѓаните да останат смирени. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека ја разбира вознемираноста на охриѓани и упати апел за смиреност, посочувајќи дека институциите ги преземаат сите мерки за справување со последиците од земјотресот, пренесе ОхридЊуз.