Loading Video...
Свет
25. March 2021 - 20:45

Последни резултати - Астра Зенека вакцината има пониска ефикаснот

Фармацевтската компанија АстраЗенека објави нови податоци за ефикасноста на нејзината  вакцина против корона. Ефикасна е 76 проценти во спречување на симптоми на корона. Претходно беше соопштена бројка од 79 проценти.

АстраЗенека објави и дека резултатот од последното испитување покажал дека вакцината останува 100 проценти ефикасна во спречување на тешки форми на болеста. АстраЗенека ја разви вакцината заедно со Универзитетот Оксфорд.