Loading Video...
Ракомет
8. January 2020 - 16:16

Последни подготвки на македонските ракометари пред заминувањето за Виена на ЕУРО 2020

Уште два дена не делат од новиот настап на македонските ракометари на Европското првенство, кое годинава ќе се одржува во Шведска, Норвешка и Австрија, а кое официјално ќе започне утре. 
 
Македонските ракометари сеуште се во Словенија, каде ги прават последните подготовки пред заминувањето за Виена, градот домаќин на Б групата. 
 
Селекторот Данило Брестовац сеуште нема решено кои ракометари ќе бидат во тимот кој ќе ја започне групната фаза. Дилемата на Брестовац дополнително ја усложи сповредата на Велко Марковски, но селекторот сеуште се надева дека ќе може да смета на искусниот одбранбен играч. 
 
Отсуството на Марковски дополнително ќе им ја отежни работата на голманите, Ристовски и Митревски и Томовски, но радува и фактот дека поискусните двајца бранат во одлична форма. 
 
Особено Никола Митревски кој со своите настапи во дресот на Еурофарм Работник како во Лигата на шампионите така и во СЕХА конкуренцијата можеби се наметнува и како прва опција кај селекторот Брестовац. 
 
„Многу работи ќе зависат од нас самите. Најважно е со победа да го започнеме првенствотот. Секој натпревар ќе играме да го победиме. Цел ни е прво да ја поминеме групата, потоа да размислувам“, вели Митревски.
 
Реална е можноста очекувањата на Митревски да се исполнат имајќи в предвид дека во првиот меч играме можеби со најслабата селекција во групата Украина и тоа веќе задутре (петок) во вечерниот термин од 20:30 часот. 
 
Два дена подоцна (недела – 12 јануари, 16 часот) за противник ќе ја имаме Чашка со која досега имаме одиграно десет дуели, додека на 14 јануари (вторник од 18:15 часот) за противник ќе ја имаме домашната селекција на Австрија.