Последни два дена од Европска недела на мобилност 2019
Придобивките од возењето велосипед, вештото возење, велосипедските трки и промоцијата на формите на транспорт кои влијаат на ублажување на климатските промени ќе бидат во фокусот на последните два дена од Европската недела на мобилност 2019, најави Град Скопје.
Велородео, памптрак парк за љубителите на адреналинското рекреирање со велосипеди, скејтборди и ролери, возење со велосипед покрај Владата до Школка во Градскиот парк се само дел од активностите најавени за денеска.
Во текот на утрешниот ден ќе се одржи велопикник, како и традиционална трка на велосипедската федерација.
Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвниот крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други.
Ново на Сител
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО