Џет-Сет
5. March 2019 - 14:54

Последната фотографија од Кит Флинт објавена два дена пред да се самоубие

Новинарот Роб Хадграфт на Твитер објави фотографија за која се верува дека е последната од пејачот на Продиџи, Кит Флинт, пред тој да си го одземе животот.

На сликата може да се забележи Кит на една трка во парк недалеку од неговиот дом во родниот Есекс, а истата е забележана во саботата околу 9 наутро, само два дена пред неговата трагична смрт.

„Тажните вестти за Кит Флинт доаѓаат само два дена откако тој со одлична волја и добра форма учествуваше во трка во Келмсфорд Парк. Постигна свој личен рекорд од околу 21 минута“, пишува новинарот Хадграфт на Твитер.