Кошарка
7. April 2016 - 18:11

Последна рунда во групите од кошаркарската Евролига

 
 Со натпреварот кој ќе се игра попладнево во Каунас, а во кој екипата на Жалгирис ја пречекува шпанската Барселона, започнува последната 14.та рунда од групната фаза во кошаркарската Евролига.
 
На коло до крајот досега пласман во плејофот, односно четвртфиналето имаат обезбедено пет екипи. 
 
Во групата Е, останува уште едно слободно место за кое конкурираат белградска Црвена Ѕвезда и Анадолу Ефес. Од оваа група пласман меѓу осумте најдобри веќе имаат обезбедено, Фенербахче, Локомотив Кубан и Панатинаикос.
 
Затоа пак во Ф групата, дури пет тима ќе се борат да двете места кои носат во четвртфиналето во кое сигурно ќе играат, ЦСКА Москва и Лаборал. 
 
Двојките за последното коло се:
Четврток
18:45 Жалгирис – Барселона 
19:30 Анадолу Ефес – Панатинаикос 
20:00 Бросе Баскет – Лаборал 
20:45 Реал Мадрид – Химки 
Петок
19:00 Цедевита – Црвена Ѕвезда
19:00 Дарушафака – Локомотив Кубан
20:45 Олимпијакос – ЦСКА Москва
20:45 Уникаха – Фенербахче 
 
Е група – табела: *Фенербахче 11-2 (победи-порази), *Локомотив Кубан 9-4, *Панатинаикос 9-4, Црвена Ѕвезда 7-6, Анадолу Ефес 6-7, Дарушафака 4-9, Уникаха 3-10 и Цедевита 3-10.
 
Ф група – табела: *ЦСКА Москва 9-4, *Лаборал 9-4, Барселона 7-6, Химки 7-6, Реал Мадрид 6-7, Бросе Баскет 6-7, Олимпијакос 6-7 и Жалгирис 2-10. 
 
*Oбезбеден пласман во 1/4 финале