Свет
15. јуни 2017 - 10:26

Последиците од терористичките напади во Техеран ќе бидат почувствувани низ светот

Терористите кои минатата среда извршија смртоносни напади во Техеран, ги избраа за своја цел двата најсилни симболи на револуцијата од 1979 година – иранскиот парламент и гробиштата на основачот на исламската држава, ајатолахот Рухола Хомеини.

За обичните техеранци, кои во последните години живеат во релативно безбедна средина од слични насилства, нападите се силно потресителни.

Тврдолинијашкиот Корпус на чуварите на исламската револуција (КЧИР) ја обвини Саудиска Срабија за нападите. Независно од тоа дали тврдењето соодветствува со вистината, нападите најверојатно ќе покаѓат големо политичко влијание далеку надвор од Иран, распалувајќи ги затегнатостите со САД, Саудиска Арабија и сунитските муслимански монархии од Заливот.

Потоа, Исламска држава ја презеде одговорноста. Ако тоа е точно, тоа би значело дека вооружената организација конечно успеала да внесе свој вид на произволен терор, кој сее поделби во домот на својот најголем шиитиски муслимански противник.

Мавзолејот каде Хоеини беше положен да почива пред 28 години, на 6 јуни, 1989 година, е огромен комплекс кој се надвиснува на хоризонтон јужно од Техеран. Неговите огромни сали секоја година ги псоетуваат илјадници Иранци, кој го сметаат за храм. За разлика од сличната зграда која личи на замок, Маџлисот (парламентот), тука безбедноста не е засилена. Сега тоа ќе се смени.

За Иранците нападот врз гробницата на Хомеини е рамен на тоа некој да го осквернави споменикот на Линколн во Вашингтон. Ако се потврди дека ИД навистина е одговорна за нападот, тоа ќе биде првиот успешен удар на организацијата во срцето на Иран, иако има информации дека таа неколку пати направила обиди во последно време.

На идеолошки и воен план, ИД е во војна со иранските сили и сојузници во Сирија и Ирак. Во видео снимка која беше пуштена во март, таа зе заколна дека ќе „завладее со Иран и ќе и го врати на сунитскиот муслимански народ, како што било претходно“. Џихадистите тврдат дека иранските духовни водачи и нивните претходници – персискиот цар, биле тука со векови пред сунитите.

Исламска држава има природни сојузници меѓу вооружените групи во немирната југоисточна иранска провинција Систан и Белуџистан, каде има големо сунитски население. Во 2010 година, сунитски екстремисти поврзани со мрежата Џиндала, убија 39 луѓе во џамија во провинцијата. И групи на курдското малцинство и тенички арапи исто вршеле помали напади во северозападните и југозападните реони во земјата.

Ѕверствата во минатата среда беа извршени во момент кога се очекува да падне самопрогласениот калифат на ИД. Потпомогнати од Иран, ирачки и сириски војски и курдски формации поддржани и од САД и Велика Британија, го затегаат обрачот околу нејзините крепости Мосул и Рака.

ИД го одвраќа тој притисок со повикувашње на своите следбеници да ја преместат битката кај нејзините непријатели – таму каде живеат. Последните извршени терористички напади во Манчестер, Кабул, Багдад, Марави во јужниот дел на Филипините, и лопндон, можеби се совпаѓаат со тој нов модел на извршени активности на следбениците на ИД.

Конзервативните ирански лидери со сигурност ќе го следат примерот на КЧИР и ќе ја пронајдат во нападите од средата раката на Саудиска Арабија, а оттаму и на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Добро документираните тајни обиди на владата на Џорџ В. Буш во првата декада на 21-от век за дестабилизирање на Иран преку финансирање на вооружени внатрешни опозициски групи не се заборавени во Техеран. Ниту пак неофицијалната – ту активна, ту сопрена – американска поддршка на организацијата Муџахедин е халк, или Муџахедини на народот на Иран, одамна поддржаната од Садам Хусеин и одговорна за мноштвото вооружени напади во Иран.

Сега прашањето е дали отвореното непријателство на Трамп навестува повторно дестабилизирање на обидите од минатото – директно или иидректно. Трамп ја пресвртува политиката на претходниот претседател, Барак Обама, за ограничен ангажман, а минатиот месец направи жесток напад против Иран. Во изјава за време на посетата на Ријад, тој побара Иран да биде ставен во меѓународна изолација, како што рече, затоа што Техеран е главниот извозник на „пожарите на секташкиот конфликт и терор“ низ светот.

Неговиот домаќин, кралот Салман, го обвинува Иран дека „го предводи глобалниот тероризам“. Трамп, поттикнат од Израел, се закани дека ќе го поништи значајниот договор за атомската програна на Иран, кој го потпиша Обама со Иран во 2015 година.

Тој ја објави веста за големата оружена зделка со саудијците. А минатата недела го поддржа наментаното дипломатско и трговско изолирање на Катар од страна на Ријад, кој скоро единствен од арапските земји од Заливот се обидува да поддржува добри односи со Техеран. Тоа ги натера регионалните политичари да предупредат за непосредната опасност од војна.

Иранските лидер безрезервно ги отфрлаат обвиненијата на Трамп. Тие велат дека Ријад е најголемиот инспиратор и поддржувач на ИД и истакнуваат дека Иран и САД се на иста земја кои водат борба против џихадистите во Ирак.

За разлика од авторитарните режими во Заливот, Иран исто така има квазидемократски политички систем, со избран парламент и претседател, кои не се совпаѓаат во сликата за „спонзор на тероризмот“. Изгледа дека тој непријатен факт ги става во иста рамка Трамп, Саудијците и Исламска држава.