Македонија
20. November 2017 - 11:00

Последен ден за пријавување на конкурсот за наградата „Жан Моне 2017“

Рокот за пријавување за 15. конкурс за овогодинешната награда „Жан Моне“ истекува денеска. 

Делегацијата на ЕУ во Македонија минатиот месец го објави 15. конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобрите достигнувања во покривање на темата „ЕУ за ТЕБЕ?“.

Наградата ќе биде доделена во категориите: најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиумии/или на интернет) најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет) и најдобра аматерска фотографија.

Творбите кои ќе учествуваат во оваа категорија се авторски стории на тема: „ЕУ за ТЕБЕ?”, објавени во национални весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017.

Сториите треба да се однесуваат на темата „ЕУ за ТЕБЕ?“, да се објавени во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017 и да се потпишани со вистинското име на авторот, кој треба да е македонски државјанин.

Копии од новинарските стории во дигитален пдф формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека е автор на сторијата, треба да се испратат на електронска адреса: JMcompetition@euic.mk најдоцнадо 20 ноември годинава во 18 часот.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14 декември годинава.