Последен ден попис - ќе има ли доволно попишани?
Нема да има продолжување на пописот, потврдуваат од Државниот завод за статистика за Сител. Денеска во 20:00 часот завршува најсложената статистичка операција.
Граѓаните кои не биле посетени од попишувачите во изминатите 25 дена го користат последниот ден за ја завршат својата граѓанска должност.
Најголем предизвик во последните денови од пописот за Заводот за статистика беа урбаните средени. Оттаму соопштија дека во градовите биле ангажирани поголем број на попишувачи за да се заврши статистичката операција.
Премиерот Заев потврди дека собирањето на податоците Скопје е најголем проблем. Според податоците кои ги објави тој, пописот ќе покаже дека заедно со дијаспората сме околу 2,2 милиони луѓе. Уверен е дека ДЗС ќе ги обезбеди сите податоци до крајот на рокот.
- Тоа што не може да се стигне, веројатно Заводот за статистика ќе каже како како податок ќе го обезбеди. Веројатно ќе имаме недостаток на податоци за процент, половина процент, за промили на луѓето кои што како одговори ги добиваат од прашањата. Самата лична карта и документот ги дава голем дел од податоците коишто пописот треба да го заокружи како успешен, комплетно целата процедура и статистичка операција што ја спроведува.
Левица, партијата која повика на бојкот на пописот го нарече фарсично трчање по матични боеви. Пратненикот Крмов вели дека нема да го признаат пописот и ќе го постават како услов при формирање на идната нова Влада. Според него, помеѓу 200 и 300 илјади луѓе останале непопишани.
-Зедно со бројката од дијаспората, за којашто сме единствена земја во светот што попишува дијаспора прави збир од некаде околу 2 милиони и 200 илјади попишани. Ако го земеме како податок дека Република Македонија има издадено нешто помаѓу 2,4 милиони и 2,5 милиони државјанство. И бидејќи овој попис го изедначи државјаноството со резидентното население, ние имаме од 200.000 до 300.000 пропуштени, рече Крмов.
Заклучно со вчера попишани се над 1,8 милиони луѓе тука и уште 203.000 во странство. Најбројна е дијаспората од Швајцарија, Германија и Италија.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар