Џет-Сет
11. December 2017 - 13:27

После разводот вака Ана Николиќ гледа да својот живот: Почнува да ме фаќа криза!

Пејачката која неодамна се разведе од Стефан Ѓуриќ Раста проговори за тоа како сега се чувствува после се.

Ана Николиќ на свет ја донесе ќеркичката Тара, на која потполно и се посвети, а сега е подготвена да се врати на јавната сцена.

Таа објасни како се чувствува по повод на тоа што има закажан настап за Нова година.

-Почнува да ме фаќа криза зошто не настапувам речиси година година. Се наоѓаме во танцова сала овие денови за да го надоместам она што сум го пропуштила, рече Ана за емисијата „Гламур“.

Што се однесува до желбите за Нова година, ги нема многу.

-Искрено да ви кажам, ова ми е можеби и најубавата Нова година до сега зошто нешто што потајно го посакував, речиси деценија наназад, ми се оствари. Немам некаква посебна желба. Сакав да се остварам како мајка и да добијам бебе и немам никакви желби освен да бидеме сите здрави, изјави таа.