Живот
7. August 2017 - 16:52

После ова веќе никогаш нема да оставате шише вода во автомобил - еве и зошто

Техничарот Диони Амучестаг седел во својот автомобил и ручал. Одеднаш почувствувал мирис на дим. Седиштето на кое имало шише со вода се запалило.

Повеќето луѓе во летниот период оставаат шишиња со вода во автомобилите.

Иако се чини нелогично, тоа може да биде мноу опасно, а клучот е во округлиот дизајн.

Шишето со вода во себе содржи светлост и топлина загреани до одредена точка. Точката на седиштето на кое се фокусирани зраци од Сонцето може да удри до точка на палење, доволно да материјалот од седиштето почне да гори.