Балкан
25. јуни 2016 - 9:43

После девет дена потрага: Пронајдено безживотното тело на Никола(16)

По девет дена барање, безживотното тело на Никола Стојиќиќ (16) од Нови Сад, кој се вди како исчезнат од четвртокот бил пронајден во реката Дунав во Земун, а родителите го идентификувале.
 
Никола последен пат бил виден во средата околу 21:30 часот во Нови Сад и оттогаш му се губи трага.
 
- Никола кажал дека ќе оди во теретана во Кисач, но јас го видов дека се качува во автобус за Нови Сад. Телефонот му беше активен уште 30 или 40 минути и оттогаш му изгубивме траг, - вели таткото на момчето.
 
Тој исчезнал еден ден пред неговиот роденден.
 
Во потрагата се вклучиле и другарите на Никола, но за жал наместо на роденден, сега ќе одат на погреб.