После 7 години "сув" брак повторно имав секс - еве што се случи кога странец ме повика дома
По 3 деца сексот исчезна од мојот брак.
Додека бев на факултет, секогаш бев прва спремна да пробам нови работи, а тоа се однесуваше и на сексот. Невиноста ја изгубив прва, а кога некој имаше љубовни проблеми секогаш доаѓаше за совет кај мене.
Мислам дека во основа бев многу пољубопитна од другите, но бев и самоуверена. Бев ситна русокоса со прилично искривена личност па поради тоа не ми недостасуваше внимание од спротивниот пол.
Кога јас и Петар се земавме по завршувањето на факултетот, бевме многу сексуално активни. Се будевме порано за да имаме секс пред работа, а се случуваше да го изненадам и на работа.
Меѓутоа по првото дете, работите значително се променија. Се здебелив и изгубив желба за секс. Бебето целосно ме исцрпуваше. Сексот беше последното нешто на долгата листа обврски.
10 години подоцна, бевме прекрасно семејство, но сексот стана нешто што можеше да се случи еднаш во месецот. Што се однесува до мене, јас не чуствував никакво задоволство ни кога ќе дојдеше до него.
Всушност, во последните неколку години ние воопшто немавме секс.
Бракот ни заврши без расправии, останавме пријатели.
Веднаш по разводот пријателите ме брзаа да почнам да барам маж на интернет. Така го запознав Немања. Уште на првиот состанок ми се приближи и ме бакна. Имав чуство како електрична енергија да минува низ моето тело. Ми шепна дека би требало да одиме кај него. Сакав да го одбијам бидејќи тоа утро не ги избричив нозете, а и интимните делови ми беа прилично "запуштени" - но не го одбив.
Иако телото ми беше возбудено, доживеав нервен слом. Дали е сексот како возење велосипед? Дали се сеќавам што треба да правам? Дали воопшто ќе може да влезе во мене?
Се сеќавам дека пријателките ми зборуваа - мораш да ја користиш или ќе ја изгубиш. Што ако ја изгубив?
Штом стигнавме кај него, веднаш отидов до тоалет за да се подготвам за ноа што ме чека. Имав доволно години за да знам дека не треба да ја пропуштам оваа шанса како што беше тој. Јасно ми беше дека едвај чекаше да ме задоволи, а не се случува секој ден да имате згоден маж кој едвај чека да ги исполни сите ваши желби.
Повторно се чуствував како студентка за која сексот беше нешто ново и возбудливо. Се префрливме од едно место на друго, се сеќавам како ја соблековме целата облека од нас и завршивме на кревет.
Пред крајот на бракот сексот беше непријатенм, понекогаш дури и болен, но не и сега. Сфатив дека разликата е во тоа што не сум била доволно возбудена.
Иако нашата врска траеше кратко, сфатив дека сум прилично добра во сексот. Имам секс и сум мајка на три деца, а вибраторот ми стана една од омилените работи.
Сега знам дека најдобрата работа кај "сувиот" период е тоа што ќе дојде негов крај, а тогаш ќе сфатите колку сексот може да биде неверојатен.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.