Поскапување: Регулаторна ги објави новите цени на горивата
Цената на ЕУРОСУПЕР БС - 95 и на еуродизелот останува иста, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 64 ден/лит.
Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 ден/кг и тој ќе се купува по цена од 23,993 ден/кг.
Регулаторната комисија за енергетика информира дека со новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,25 проценти во однос на рафинериските и малопродажните цени утврдени на 8 август. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период била за 0,33 проценти повисока, а курсот на денарот бил понизок во однос на доларот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација