Бизнис
19. April 2021 - 12:34

Поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство

За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, а цената на Еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новите цени на нафтените деривати ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67,5 денари за литар, на дизелот 58,5 денари за литар, а Екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 58 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 останува 69 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,726 ден/кг и ќе изнесува 34,992 ден/кг.

Покачувањето на цените, РКЕ го образложува со порастот на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатите седум дена, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Цените на нафтените деривати се менуваат секој понеделник.