Македонија
30. November 2016 - 16:16

Пошумени 503 хектари, посадени над 2.6 милиони садници во акцијата „Ден на дрвото“

Преку 17 акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина”, 2,6 милиони садници беа пошумени на преку 550 хектари на територијата на цела Македонија. Акцијата годинава беше спроведена на 60 локации во 30 подружници. Граѓаните кои организирано доаѓаа на договорените локации, за пошумување користеа црн и бел бор, багрем, јасен, јавор, даб и црн орев.

Премиерот Емил Димитриев, кој во текот на оваа акција посади дрвце во градинката “Ѕвездичка” во Кочани, најави дека од идната година ќе се садат по пет милиони дрвца.

1, 5 милиони садници денеска беа засадени во сите десет општини во Скопје.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листа за пратеници во 4 ИЗ, засади дрвце во Струмица.

Влатко Ѓорчев, кој е носител на листата на коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ во 6 ИЗ, денеска беше во тетовско.

Носителот на кандидатската листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во ИЕ 2, Никола Тодоров садеше дрвца во кумановско.

Од СДСМ најавуваат комплетна ревизија на спроведување на акцијата „Ден на дрвото” од стручен и финансиски аспект.

Во досегашните акции пошумени се над 13.000 хектари со повеќе од 37 милиони садници.