Посета на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми на САД
Во периодот од 22 до 27 април 2018 година, министерот Едмонд Адеми ќе оствари официјална посета на Соединетите Американски Држави.
За време на престојот, министерот Адеми ќе ги посети Њујорк и Вашингтон, при што ќе оствари средби со претставниците на Стејт Департментот, Конгресот на САД и со претставниците на дијаспората од Република Македонија.
Министерот Адеми за време на престојот во Њујорк ќе има предавање на Универзитетот Колумбија на тема: „Западен Балкан, Македонија и интеграцискиот процес – Има ли улога за дијаспората? “.
Во Вашингтон, министерот Адеми ќе оствари средби со високи претставници на државните институции на САД, пред се со г-дин Ашвуд Еферн, координатор на програмите за дијаспора во Kанцеларијата на Државниот Секретар, и средба со г-ѓа Сузан Фалатко, в.д. директорката на канцеларијата за Југо - централна Европа во Стејт Департментот на САД и со група конгресмени во Конгресот на САД, лобисти за Македонија.
Во фокусот на средбите со високите претставници на државните институции на САД и со дијаспората ќе стане збор за динамизирање на стратешкото партнерство во билатералните односи меѓу Република Македонија и САД, за новиот пристап на Владата на Р. Македонија кон евроатланските интеграциони просеци и новиот моментум во овие процеси.
Исто така, со дијаспората ќе се пренесе новиот пристап РМ кон неа и нивно институционално поврзување со матичната земја, како и размената на искуства во однос на странските инвестиции и зајакнување на економскиот сегмент за поврзување со Македонија.
Меѓу другото, министерот Адеми, соговорниците ќе ги информира и за политичките состојби во државата, активностите за членството на НАТО и ЕУ интеграциите, како и размена на мислења за регионалната соработка и други актуелни прашања.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор