Македонија
2. October 2020 - 11:19

Посебен сообраќаен режим за „Виз ер Скопски маратон 2020“ на 4 октомври

На 4 октомври  ќе се одржи „Виз ер Скопскиот маратон 2020“, со  почеток во 8:30 часот од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде што истовремено ќе биде и целта на маратонот.

Организаторите на маратонот известуваат дека низ скопските улици во периодот од 7:30 часот до 14:00 часот ќе има привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз. Некои улици ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а некои делумно.

Улиците што ќе бидат целосно затворени за сообраќај се: ул. Димитрије Чуповски, булевар Илинденска од Влада на РМ до Зоолошка градина, Ул.Војвода Васил Чакаларов, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ул. 11 Октомври, делот на бул. Крушевска Република од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициската Станица Пролет, бул. 3 Македонска Бригада од семафорите кај Полициската Станица Пролет до раскрсницата со ул. Фрањо Клуз, десната коловозна лента од бул. Јане Сандански од Тобако во правец накај Аеродром се до раскрсницата со бул. Србија.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат следниве улици и правци:  десната коловозна лента од бул. Климент Охридски до семафорите кај Влада,  бул Илинденска, од Зоолошка градина до Љубљанска, спротивната страна ќе биде слободна за движење,  ул. Љубљанска во правец од бул. Илинденска до семафорите кај бул. Партизански одреди, ул. Московска во правец од бул. Партизански Одреди до Студентскиот дом Гоце Делчев.

Натпреварувачите ќе почнат да трчаат од стартот С.Ц Борис Трајковски до Ул.Илинденска па лево на ул. Љубљанска, и право на Московска, па десно по Ул.Војвода Васил Чакаларов, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ се продолжува право по М.Теодосиј Гологанов, Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска Република, 3 Македонска Бригада, Фрањо Клуз, Бул.Јане Сандански до крајот (раскрсница со бул Србија), пред семафорот со бул.Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по Бул.Јане Сандански, Фрањо Клуз, Трета Македонска бригада, Крушевска Република, 11 Октомври по Димитрие Чуповски до раскрсницата десно на Бул. Климент Охридски до Бул. Илинденска, лево кај Влада на Р. Македонија до целта, платото пред СЦ Борис Трајковски. Истата патека се трча 2 круга за маратонците.