Македонија
30. November 2018 - 13:38

Посебен сообраќаен режим утре во Центар, овие улици ќе бидат затворени за движење

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека за утре (01.12.) од 12,00 часот е закажан јавен собир во Скопје и поради тоа ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно истиот ќе биде пренасочен на улицата „11-ти Октомври“ и улицата “Димитрие Чуповски“, потоа на потегот од крстосницата помеѓу улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ до крстосница помеѓу улицата „11- ти Октомври“ и улицата „ Филип Втори Македонски“.

МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.