Посебен сообраќаен режим поради Задушница
Поради верскиот празник Задушница денеска се очекува зголемен интензитет на сообраќајот по сообраќајниците кои гравитираат околу гробиштата „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“.
Најголем интензитет се очекува во периодот од 9 до 16 часот на градските гробишта „Бутел“ кога ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот. Приодот кон гробиштата ќе биде од улицата „Александар Урдаревски“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за село „Мирковци“, лево по улицата „Боца Иванова“ до паркингот пред гробиштата. Забранет ќе биде приодот од кружниот тек на улицата „Александар Урдаревски“ (кај „Наше дете“), лево преку ул. „Боца Иванова“.
Обратната насока, односно излезот на возилата ќе се одвива од гробиштата, по ул. „Боца Иванова“, десно по ул. „Александар Урдаревски“. Доколку се укаже потреба и во зависност од моменталните состојби, овој режим на сообраќај може да биде воведен и во останатите денови.
Од сообраќајната полиција апелираат учесниците во сообраќајот да бидат трпеливи и да имаат предвид дека ќе им биде потребно повеќе од вообичаеното време за пристигнување до крајната дестинација. Се апелира возачите да ги почитуваат инструкциите и наредбите што ќе им бидат давани од страна на полициските службеници и да се однесуваат совесно и хумано.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не успеавте четири месеци да нарачате вакцини, вие сте срам за Македонија
-
Ковид-19: Во светот оздравени над 90 милиони луѓе
-
Во Велес уапсени три лица кои краделе од магацин на Македонски железници
-
Во Албанија до денеска вакцинирани 13.495 лица, утре пристигнува пратка од 15.000 вакцини од Фајзер
-
Ковачев: Македонските власти нека ја слушнат мудростa на Георгиевски пред да заминат да го распнат на крст
-
Навални преместен во казнена колонија, на 200 км од Москва
-
Папата Франциск го осуди киднапирањето на 317 девојчиња во Нигерија
-
Првиот човек на српскиот фудбал одби полиграф за вмешаност во планирање атентат врз Вучиќ