Македонија
7. August 2017 - 8:22

Посебен сообраќаен режим поради Супер купот

Поради Супер купот на УЕФА, закажан за утре на фудбалскиот стадион „Арена Телеком“ во Градскиот парк во Скопје, од денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од осум часот денеска до завршување на натпреварот, односно до 9 август, на потегот од крстосниците на улиците „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“)  и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот- УЕФА.

На денот на натпреварот, зависно од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот „Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата „Рузвелтова“.