Посебен сообраќаен режим поради снимање рекламен спот од „Пигменто студио“ од Скопје
МВР ги информира граѓаните дека денеска и утре ќе има посебен сообраќаен режим во времето од 19.00 до 06.00 часот, поради снимање на рекламен спот од „Пигменто студио“ од Скопје.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на дел од бул.„Гоце Делчев“ од крстосница со ул.„Лазар Личеноски“ до крстосница со бул.„Филип Македонски“ (00:30 – 04:00 часот), дел од ул.„Димитрија Чуповски“ од крстосница со бул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11-ти Октомври“ (23:30 – 01:00 часот), дел од бул.„Св. Кирил и Методиј“ од крстосница со бул.„Кочо Рацин“ до влез во ТЦ Рамстор (00:30 – 04:00 часот) и дел од бул.„Јане Сандански“ од крстосница со бул.„Србија“ до влез во ТЦ Капитол (02:00 – 04:00 часот) во Скопје и за таа цел сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари