Македонија
10. јуни 2017 - 12:54

Посебен сообраќаен режим околу Градскиот стадион утре од 15 часот

СВР Скопје утре од 15 часот ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот кои се во непосредна близина на Градскиот парк поради фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија  од  20.45 часот. 

- Ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: бул. „Илинден“, ул. „Ристо Шишков“, ул. „Аминта Трети“, ул. „Наум Наумовски-Борче“, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион, соопшти МВР. 

Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по наведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат влезници за натпреварот.