Македонија
25. March 2021 - 12:39

Посебен сообраќаен режим од денеска до сабота во Скопје

Посебен сообраќаен режим од денеска до сабота во главниот град.

- Од денеска до сабота (25, 26 и 27.03.2021) Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, поради официјалната посета на Република Македонија на командантот на Здружените сили на НАТО за Европа, адмирал Роберт Бурк, информира МВР. 

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.