Македонија
1. March 2021 - 16:52

Посебен безбедносен протокол за Мијалков во истражниот затвор

Истражниот затвор во Шутка има изготвено посебни протоколи за движење на екс директорот на тајната полиција. Првиот човек на Управата за извршување санкции вели дека се превземени сите мерки за безбедност и на Мијалков и на останатите притвореници. 

Изготвен е безбедносен план конкретно за притворениот Сашо Мијалков, за негово движење, конкретно за шетањето и се запазени сите безбедносни протоколи и стандардни оперативни процедури за да не дојде до каков било инцидент, изјави Марјан Спасовски.

Министерот за правда пак потврдува дека бил првиот владин функционер кој ја имал инфорамцијата за можно бегство на Мијалков. Маричиќ вели дека не чуствува одговорност бидејќи од негова страна биле презвемени сите чекори.

Јас како човек што води сериозна институција укажав на обвинителот дека треба да се проверат гласините, бидејќи не ми беше соопштено кој е изворот на информации, тоа беше зачувано како податок што не ми е достапен, ниту пак ми го кажа обвинителот, замолив да се проверат тие наводи и доколку тоа има основа и се потврдат тие гласини, Обвинителството да ги преземе потребните мерки, изјави министерот Маричиќ

Екс директорот на УБК е во истражниот затвор во Шутка од петокот, веднаш по пресудата за предметот Таргет-Тврдина за кој беше осудена на 12 години затвор.

Јавното Обвинителство се уште истражува каде беше Мијалков минатиот викенд кога полицијата не успеа да го пронајде на повеќе локации да му го предаде решението за куќен притвор. Два дена подоцна тој сам се пријави во Обвинителството.