Живот
20. May 2016 - 14:59

Посакала уста како на Џоли, а потоа 10 години минувала низ пекол

Како и могу жени ширум светот и Кира (30) сакала да има уста како актерката Анџелина Џоли, но таа желба ја довела до тоа десет години да поминува низ вистински пекол. 

Имено, Кира таа операција не можела себе си да си ја приушти, па затоа нејзинаат мајка и ја платила и, и ја исполнила желбата на својата ќерка. 

- Бев во долга врска, а потоа тоа одеднаш пукна. По раскинувањето и спомнав на својата мајка дека би било добро да имам уста како Анџелина Џоли, на што таа одговорила дека тоа била одлична идеја. Операцијата беше подарок од мојата мајка за Божиќ, но откако почнав да примам инекција, веднаш почуствував дека нешто не е во ред, изјавила Кира. 

По операцијата се тргна на лошо, а нејзините зголемени усни станале вистинска ноќна мора, Имено, по операцијата дошла до непосакуваниот ефект бидејќи силиконот не се разлил во нејзините усни, што довело до тоа Кира не била во состојба десет години да ја затвори својата уста бидејќи и биле преголеми. 

Но, по десет години одлучила повеќе да не се мачи, па по советите на докторите решила конечно да ги извади силиконите од усните.