Македонија
28. July 2018 - 16:08

Порзителна статистика - се помалку етнички Македонци се раѓаат во Македонија

Белата чума ја коси Македонија. Последните статистички податоци покажуваат дека од година во година во земјава се раѓаат се помалку етнички Македонци , а за сметка на тоа се зголемува бројот на новороденчиња од албанската, ромската и турската заедница. Само минатата година разлкиката помеѓи живородени деца од македонско и немакедонско потекло е 654 деца.

Доколку не се превземат сериозни мерки, според демографот Дончо Герасимовски на долг рок, ваквата состојба може да доведе до промени на етничката структура во држвата.

Наталитетот во земјава е во континуиран пад во последните 20 години. Герасимовски вели дека во 5 од 8 региони во Макеоднија, стапката на наталитет е негативна, односно бројот на починати е поголем од бројот на родени лица. Потенцира дека државата мора да го спречи иселувањето на младите.

Герасимовски вели дека со сличен проблем се соочуваат и државите од регионот, но Македонија мора да го следи нивниот пример на справување со ваквите сосотјби. Во скоро секоја земја се оформени министерства кои ги следат миграциските состојби и популациската политика.