Свет
17. October 2017 - 9:10

Португалија во национална жалост за жртвите од шумските пожари

Португалија од денеска е во тридневна национална жалост поради загинатите во шумските пожари.

Потврдена е смртта на 36 луѓе. Во пожарите беа повредени 63 лица, од кои 16 потешко.

Околу 3600 пожарникари се обидуваат да ги совладаат  петнаесетте се уште активни пожари во централните и северните делови на државата.
    

Во средината на јуни, во централниот дел на Португалија, во местото Педрогау Гранде изби голем шумски пожар. Тогаш, 64 лица загинаа, а 250 беа повредени.