Фудбал
11. October 2017 - 9:36

Португалија на Мундијал, Швајцарија во бараж

Кристијано Роналдо не постигна гол, меѓутоа Португалија се квалификуваше за Светското првенство во Русија во 2018 година, откако во директен дуел со Швајцарија стигнаа до 2:0 победа и до првото место во групата Б.
 
Јохан Џуру си постигна автогол во 41. минута во Лисабон за да ги доведе Португалците во водство, пред Андре Силва во 57. минута да го запечати пласманот на европските шампиони на Мундијалот. За Швајцарците, кои поголем дел од квалификациите беа на првото место, останува баражот, иако завршија со ист број на поени како Португалците (27).
 
Холандија ја совлада Шведска со 2:0 благодарение на двата гола на Арјен Робен, но ова не беше доволно „лалињата“ да патуваат во Русија, бидејќи иако имаат ист број на поени, Швеѓаните имаат подобра гол разлика. Ова беше можеби последниот репрезентативен натпревар за Робен. Во групата А, Франција директно се пласира во Русија, откако во последниот меч со 2:1 ја совлада Белорусија.