Свет
7. January 2023 - 8:34

Португалија бара негативен тест за коронавирусот од патници од Кина

Португалија ќе бара негативен тест за Ковид-19 од патниците на аеродромите кои пристигнуваат од Кина, не постар од два дена во однос на датумот на патување, рече вчера министерот за здравство, по одлуките на некои други земји да воведат слични ограничувања.

Горенаведените мерки ќе стапат на сила во недела на полноќ, а „авиокомпаниите се одговорни да ги почитуваат при качувањето на патниците“, се вели во изјавата на министерот.

Дополнително, се разгледува можноста неколку патници на летовите од Кина во сабота да бидат подложени на специјален тест „со кој ќе се откријат нови варијанти на вирусот, со цел адекватна проценка на епидемиолошката состојба“, се додава во соопштението.

Владите ширум светот веќе воведоа или размислуваат да воведат слични правила за патниците кои доаѓаат од Кина, каде што има значително зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 по олеснувањето на строгите епидемиолошки правила во таа земја. Кина досега ги отфрли критиките за официјалната статистика што ја објавува за случаите на коронавирусот.