-->
-->
Португалецот, Мартинс ќе го суди мечот Италија – Македонија
-->
Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ги одреди арбитрите кои ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Италија и Македонија.
Португалецот, Тиаго Мартинс, ќе биде главен судија на квалификацискиот меч за Светското првенство во Русија 2018 година, меѓу фудбалските репрезентации на Италија и Македонија, реши ФИФА.
Помошници на Мартинс ќе му бидат сонародниците, Рикардо Сантош и Луис Кампос.
Инаку, избраниците на селекторот Игор Ангеловски веќе се во Торино, а вечерва ќе одржат и полесен тренинг, додека за утре планира се уште два тренинга, пред мечот против „азурите“, закажан за во петок од 20.45 часот
Тоа ќе биде дуел од претпоследното 9.коло во Муднијалските, во кои по осум одиграни натпревари, Македонија им скор од две победи, еден нерешен резултат и дури пет порази, што е доволно за петто место во групата.
Потсетување дека на првиот меч во Скопје, италијанската репрезентација си замина со три бода по еден неизвесен натпревар, кој беше решен од Чиро Имобиле во втората минута од судиското дополнение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица