Свет
22. May 2016 - 9:44

Портпаролот на ИД повика за напади врз Западот за време на Рамазан

Исламска држава ги повика вчера своите приврзаници во светот да извршуваат напади врз Западот за време на светиот муслимански месец Рамазан, јави ДПА.

- Рамазан е месец на инвазија и џихад, изјави во аудиопорака портпаролот на ИД, Абу Мохамед ал Аднани.

- Направете од тој месец, според Божјата волја, месец на несреќи за неверниците насекаде. Овој повик е насочен специјално кон војниците и поддржувачите на Исламскиот калифат во Европа и Америка, рече Аднани.

Тој изјави дека при нападите на Запад не треба да се штедат цивилите, бидејќи тие ќе бидат одмазда за воздушните напади на САД и нивните сојузници во Сирија и Ирак. 

Порака со траење од 22 минути е испратена од медиумскиот клан на ИД „Ал Фуркан“.  

Рамазан оваа година треба да почне да почетокот на јуни.