Македонија
14. February 2019 - 11:40

Портпаролка на ЕВН меѓу повредените

Меѓу повредените лица од вчерашната автобуска несреќа кај Карпалак е и портпаролката на ЕВН, Вјоса Селими, која се здобила со фрактура на рамото и се наоѓа во добра состојба, пишува Фокус.

Премерот, Зоран Заев, по денешната посета на повредените, рече дека поголемиот број од повредените се помлади.

-Ги видов сите повредени кои се надвор од животна опасност. Се работи за млади луѓе. Зборував со момче кое има 19 години и со едно девојче. Зборував и со портпаролката на ЕВН, ве поздрави вас колегите – рече Заев.

Од Градската општа болница „8 Септември“ испартија апел до роднините на повредените да бидат без грижи и дека нивните најмили се во сигурни раце. Од таму додаваат дека имало потешкотии при идентификација на смртните случаи.