Македонија
9. August 2019 - 16:31

Портокалова фаза во Македонија

Многу течности, ограничено движење во најтоплиот период, лесна храна и облека. Ова се орудијата на граѓаните против топлотниот бран кој ја зафати земјава. Со делење на вода и пренесување на препораките до граѓаните, активистите на Црвениот крст на терен  помагаат во борбата со пеколните горештини.

Покрај ослободувањето од работа на бремените жени и лицата постари од 60 години, активна е и препораката за ограничена активност во најтоплиот период. Како што ни потврдија од Црвениот крст, но и од она што го забележавме, ова не го почитуваат сите граѓани.

Граѓаните децидни – и покрај топлото време, секојдневните обврски мора да се завршат.

“Движењето на улиците на овие високи температури секако го помага функционирањето на градските чешмички”

Физичката активност на топлото време е прва причина за можни здраствени импликации. Токму затоа од Министерството за труд строго препорачуваат сите правни субјекти што вршат активности на отворено да ги запрат во периодот од 11 до 17 часот, а ова посебно се однесува на градежните работници.

Но и денеска на терен начекавме спротивна слика.

Министерството денеска со нов апел, Државниот инспекторат за труд да излегува на почести контроли на терен. Повик до Инспекторатот за засилена работа упати и Хелсиншкиот комитет за човекови права.