Македонија
18. August 2022 - 16:34

Портокалова фаза во Македонија - Ослободувања од работа и препораки за заштита

Топлото им предизвикува здравствени проблеми, но обврските се неодложни велат граѓаните. Високите температури го намалија движењето низ главниот град. Македонија се наоѓа во портокалова фаза поради што Владата препорача да бидат ослободени од работа трудниците и лицата над 60 години. Децата во градинките да не бидат изложени на активности надвор во периодот од 11 до 17 часот. Граѓаните велат ова лето дополнителен проблем се високите сметки за струја и оние кои дома имаат клима ретко ја вклучуваат.

Според прогнозите топлотниот бран кој ја зафати земјава ќе трае се до викендот кога се очекува повторно дестабилизација. Во меѓувреме локалните власти се уште ги расчистуваат последиците од невремето кое предизвика големи проблеми низ градовите. Урнати кровови, уништени објекти, инфраструктура, земјоделски површини се последиците од невремето во Неготино.

„Општина Неготино формираше комисија која со работа почна уште вчера и за само 1 ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети. Комисијата продолжува со работа и во наредните денови и сите граѓани можат да поднесат барање за проценка на штети“