Македонија
10. September 2015 - 12:37

Портокалов аларм во Македонија - Подгответе се за невреме вечерва

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места врнежите повторно ќе бидат обилни проследени со грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме, со  електрични празнења. Се очекува да наврнат дополнителни над 30 л/м2 воден талог, особено во западните и југозападните делови на Македонија. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 22 степени

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат проследено со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе достигне само до 20 степени.

За денеска издадено е и предупредување од портокалова фаза во половина од Македонија.

Врнежи од дожд ќе има и в петок, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат.

Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето.